Единствена Македонија: И случајот дрога со Павле Богоевски го отвора прашањето за легалноста на промена на името

Од:

Единствена Македонија на повеќе наврати ја запозна јавноста за ништовноста на Договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право како и за постапката во меѓународни рамки како да се поништи договорот, реагира партијата преку соопштение.

“Меѓутоа, сега и случајот дрога со пратеникот Павле Богоевски го отвора прашањето за легалноста на уставните измени во Собранието на Република Македонија со кои се избришаа името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Доколку се покаже дека пратеникот Богоевски е зависник од дрога, тогаш овој новооткриен факт го отвора прашањето дека уставните измени се донесени не само од купени и уценети пратеници туку и од дрогиран пратеник кој не расудувал свесно и неговото гласање не може да
се смета за правно релевантно. Дотолку повеќе, при гласањето на измените на Уставот, со пратеникот Павле беа точно 80 пратеници, таман толку што требаше да поминат уставните измени со кои се избриша се што е македонско.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да бидеме на првата линија во одбрана на националните итереси и договорот со Грција не само што ќе биде поништен туку ќе бидат расветлени и сите дефектни околности околу неговото изгласување.”, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски