Пакистанската полиција денеска го обвини пакистанскиот амбасадор во САД за богохулство – дело за кое е предвидена смртна казна, изјави полицискиот портпарол.
Обвинението против амбасадорот Шери Рехман е уште една од серијата спорни дела за богохулство во Пакистан.
Според локалните закони секој кој ќе искаже клевети против пророкот Мухамед може да биде осуден на смрт. Обвинетите понекогаш се линчуваат од толпата пред да стигнат на суд.
Рехман доби смртни закани од исламските активисти откако во телевизиска емисија во 2010 година побара реформи на Законот против богохулството. Двајца политичари кои доставија предлог за измена на Законот беа убиени.
Рехман, член на владејачката Пакистанска народна партија беше именувам за амбасадор во САД во ноември 2011 година.