Исчистени 60 кубни метри отпад од дива депонија во општина Ѓорче Петров

Од:

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за расчистување обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

ЈП „Комунална хигиена“ ги информира граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска