[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Сектата „Бранители на Исус“ минатиот месец е откриена, а жената на водичот, Мексиканката Бланко Кастро изнесе застрашувачки детали за нивната работа.
Присилување на жени на оргии, забрането капење и јадење на живи животни, се само некои од начините на злостоставување на жртвите.
Гонзалес де Ариба од групата, се видел себе си како реинкармација на Исус. Со помош на интернет приклучувал нови членови, со изговор дека е во прашање алтернативен начин на лекување, кој дава психичка и сексуална сила.
-Тие толку ќе ве пореметат, дури и да се посомневате во своето име – изјави Кастро, која била омажена за Ариба, и додаде дека ја присилувале да јаде живи органи од животни.
Според нејзините зборови во сектата хигиената претставувала губење време, така што капењето или кој било друг вид на одржување на лична хигиена, бил забранет.
Таа се омажила во 2009 година, а во сектата била силувана, присилена на оргии а често и заклучувана. Во оваа група живеела 10 месеци, се додека во 2010 година не успела да побегне во Перу.
-„Бранителите на Исус“ е секта која е присутна во 80 држави и има околу 14 илјади жртви. Предавањата преку интернет чинат од 1.300 до 130 илјади долари. Оние кои што се подготвени да платат максимален износ, ја стекнуваат титулата „Апостол на Исус“. Секој член мора да доведе нов – истакна таа.
Додаде дека гледала како доаѓаат луѓе од Чиле, Боливија, Шпанија со кофери и пари, со цел да станат нивни членови.