Пратениците Ѓорчев и Адеми на зимската сесија на ПС на ОБСЕ

Од:

Пратениците Владимир Ѓорчев и Џеват Адеми, ќе учествуваат на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува денеска и утре во Виена, Австрија.

Како што соопшти Собраниската прес-служба, во рамките на Зимската сесија ќе се одржат одделни седници на трите комисии на ПС на ОБСЕ, седница на Постојаниот комитет, како и генерална дебата на тема: „Состојбата во Сирија, Мали и Северна Африка“.

Се очекува пред учесниците на сесијата да се обратат Барбара Прамер, претседател на Австрискиот парламент, Ламберто Заниер, генерален секретар на ОБСЕ, Виачеслав Јациук, специјален претставник на министерот за надворешни работи на Украина и претседавач со ОБСЕ, Кнут Волебек, Висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слоботата на медиумите, Јанез Ленарчич, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) и други високи претставници на ОБСЕ и експерти.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски