(ВИДЕО) Жител на Драчево: Пребрзото возење ги однесе во смрт патниците на „реното“

Од:

„Кога стигнав овде, синоќа патот беше блокиран, имаше многу полициски возила, страшна беше сликата. Загинатите веќе беа починати и покриени со чаршави“, изјави за А1он, еден од жителте на Драчево, кој се нашол на местото на несреќата по тешката сообраќајна незгода на главниот пат кој води кон селото.

На булеварот „Борис Трајковски“, кој води кон селото Драчево, близу бензинската пумпа, сведоци за несреќата се трагите од крв на петте починати патници на „реното“ кое се судри со камион на комунална хигиена на 20 минути пред полноќ. Според нашиот соговорник, пребрзото возење на шоферот ги однело во смрт, патниците кои биле во „реното“. Тој вели дека на овој фреквентен пат потребно е присуство на полиција за несовесните возачи, затоа што тука, често се случуваат несреќи.

„Кон Драчево се вози многу брзо, ретко кој почитува сообраќајни знаци, никој не врзува појас.Овде спас е на секои 50 метри да има полиција, за да не ни се случуваат вакви работи“, рече тој.

Инаку, во несреќата тројца од патниците починале на лице место, а двајца на патот кон болница, а меѓу загинатите е и едно малолетно девојче.Во, сообраќајната незгода, се спасил само возачот на камионот на комунална хигиена, М.Ј. кој се наоѓа на лекување во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски