Вечерва дебата на шесте водечки кандидати за нов претседател на Европската комисија

Од:

Шесте водечки кандидати за нов претседател на Европската комисија ќе учествуваат во дебата која вечерва ќе се емитува во живо од Европскиот парламент во Брисел преку Евровизија.

Пред европските избори, кои ќе се одржат од 23 до 26 мај, на европските гласачи ќе им се претстават Манфред Вебер од Европската народна партија, Франс Тимерманс водечкиот кандидат на социјалдемократите, Маргарет Вестагер од Алијансата на либералите и демократите за Европа, Ска Келер од групата Зелени, Јан Захрадил од Алијансата на реформисти за Европа и Нико Куе од Европската левица.

Кандидатите ќе разговараат за шест однапред утврдени теми почнувајќи од миграцијата, невработеноста на младите во Европа, климатските промени, преку деночната политика и конкурентност, меѓународната трговија и улогата на ЕУ во светот до прашања за популизмот, демографскиот јаз и релевантноста на институциите.

Се очекува Европскиот парламент по инаугурацијата на новиот состав на 2 јули да го избере идниот претседател на Европската комисија, највисокото извршно тело на ЕУ.

Според правилата воведени на претходните европски избори во 2014 година, водечки европски политички групи номинираат свои кандидати, таканаречени водечки кандидати за функцијата претседател на Европската комисија.

Според правилата, тоа место би требало да му припадне на кандидатот чија партија ќе освои најголем број места во Европскиот парламент, откако ќе го поддржи и Европскиот совет и ќе го изгласа мнозинството пратеници во Европскиот парламент.

Се очекува конзервативната Европска народна партија (ЕПП) и овој пат да добие прилика да именува претседател на Европската комисија.

Иако во ЕУ моментално се води дебата околу начинот и условите за избор на идниот претседател на Комисијата, се очекува германскиот пратеник и лидер на групата на ЕПП во Европскиот парламент Манфред Вебер во ноември да го замени некогашниот премиер на Луксембург Жан Клод Јункер на функцијата претседател на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он