Седниците на Советот на Општина Битола на веб-портал и YouTube

Од:

Седниците на Советот на Општина Битола ќе се снимаат во целост и ќе бидат поставувани на официјалниот веб-портал на Општината како и на YouTube, изјави претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.

На прес-конференција во Битола, Груевски најави дека снимањето на седниците ќе почне веднаш, односно на седницата што е закажана за утре во тамошната локална самоуправа.

-Советот на Општина Битола утре има редовна седница, а на дневен ред се завршните сметки за финансиското работење и извештаите за работата на локалните јавни претпријатија. Целата седница ќе биде снимена и поставена на веб-порталот на општината за да цела јавност се информира што дискутираат и како советниците одлучуваат. Јавноста треба да знае кој се бори за интересите на граѓаните, а кој само декларативно се залага пласирајќи информации на социјалните мрежи, истакна првиот човек на Битолскиот општински Совет, Валентин Груевски.

Претседателот на Советот на Општината најави дека за кусо време со обезбедување на неопходна техничка поддршка, седниците на битолските советници ќе бидат пренесувани во живо и поставувани на YouTube.

-По завршувањето на претседателските избори сега можеме да донесуваме и други одлуки од надлежност на локалната самоуправа како што е корегирање на вредноста на бодот и повисоки плати за дел од вработените во детските градинки во Битола, како и одлуката за избор на управен и надзорен одбор на ЈП за паркинзи, со што ќе се зодадат услови за впишување на претпријатието во Централен регистер и избор на директор, посочи Груевски.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани