Во март годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 56,5 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 276 станови, со вкупна корисна површина од 28.520 метри квадратни, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од планираните 276 станови, најмногу, 86, се во југозападниот регион, во скопскиот ќе се градат 49, во североситочниот 57, во полошкиот 42…
Според вкуниот број на издадени одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.074.693.000 денари, што е за 32,6 проценти повеќе споредено со март лани.
Сто и шест одобренија или 38,3 проценти се наменети за објекти од високоградба, 35 (12,6 проценти) од нискоградба, а 136 (49,1 процент) за објекти за реконструкција.
Најмногу одобренија за градење, по 48, се издадени во скопскиот и во полошкиот регион, а најмалку во југоисточниот, 17, и вардарскиот и пелагонискиот, каде имало по 18 нови градежни дозволи.
Од 48. одобренија за градење во Скопје, 28 се на физички лица, а 20 на деловни субјекти. Од скопските општини најмногу одобренија, 10, има во Бутел, по што следат Ѓорче Петров со девет, Чучер сандево со пет, Центар и чаир со по четири….
Кај 125 објекти (45,1 процент) инвеститори физички лица, а на 152 (54,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.