Во Бугарија нови 95 милионери

Од:

Бројот на новите милионери во Бугарија, инаку една од најсиромашните земји членки на ЕУ, во 2012 година изнесуваше 95, така што нивниот вкупен број сега изнесува 649.

Станува збор за лица чии депозити просечно изнесуваат 1,25 милиони евра, соопшти Бугарската национална банка БНБ.

Според статистиките БНБ ги опфатила депозитите на домаќинствата, непрофитните организации, индивидуални работодавачи и слободните професионалци.

Не постои можност прецизно да се објасни потеклото на ова зголемување, стои во соопштението кое го пренесе француската агенција „Ибифранс“, на канцеларијата во Софија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна