Шведски адвокат „изненаден“ од одлуката повторно да се отвори истрагата за Асанж

Од:

Шведскиот адвокат на Џулијан Асанж е „многу изненаден“ од одлуката за повторно отворање на прелиминарната истрага за силување против основачот на Викиликс.

– Неразумно е да се мачи лице кое е на издржување затворска казна во Англија и за кое (само што) е побарано да биде екстрадирано во САД поради неговата новинарска работа, изјави Пер Е Самуелсон.

Адвокатот исто така изрази сомневање дека Асанж ќе биде обвинет за силување во Шведска.

Заменичката на шведскиот главен обвинител, Ева Мари Персон денеска соопшти дека Шведска повторно ќе ја отвори прелиминарната истрага за силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, која беше прекината во 2017 година. Таа додаде дека откако Асанж ја напуштил Амбасадата на Еквадор, може повторно да се продолжи со истрагата.

Одлуката на Персон беше објавена откако адвокатката Елизабет Маси Фриц, која застапува жена која тврди дека е силувана од Асанж за време на посетата на Шведска во 2010 година, поднесе барање за повторно отворање на истрагата на 1 април. Асанж ги негираше обвинувањата.

Барањето беше поднесено истиот ден кога британската полиција го уапси Асанж од Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралискиот државјанин помина седум години во Амбасадата на Еквадор за да избегне апсење и екстрадиција во Шведска.

– Со оглед на тоа што господинот Асанж моментално е во затвор во Велика Британија, околностите дозволуваат да биде екстрадиран во Шведска врз основа на налог за силување, изјави Персон.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица