Градоначалникот Темелковски одржа вондреден состанок со кризниот штаб на Општина Кисела Вода

Од:

По најавите на УХМР за претстојното невреме, бурата „Андреа“, вечерва градоначалникот Филип Темелковски во својот кабинет одржа вондреден состанок со кризниот штаб на Општина Кисела Вода.

На состанокот градоначалникот, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, помошник командирот на ПСОН Кисела Вода, Благоја Стојановски и претставници на кризниот штаб/вработени во Општината дискутираа за преземање на сите потребни мерки за заштита на населението од најавеното големо невреме кое се очекува да се интензивира во текот на утрешниот ден.

Локалната самоуправа апелира до граѓаните при електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, да не ги паркираат своите возила под дрвјата и во близина на одводните канали. Граѓаните проблемите/опасностите од временската непогода можат да ги пријават на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи.

Од УХМР најавија можни обилни врнежи од дожд со количина од над 50л/м2.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он