Бранителите против решението Талат Џафери да биде министер за одбрана

Од:

[staff name=”Предраг Петровиќ” position=”Автор”][/staff]Од Здружението на бранители во Прилеп, во кое има преку 1300 членови,реагираат дека нема да се сложат со одлуката Талат Џафери да биде министер за одбрана.

Според нив проблем не е што Џафери е Албанец, туку што е поставен на таа функција човек кој бил командант на 116 бригада на ОНА.

„Гледате, дополнително човекот е и дрзок, колку време го држи законот за бранителите во комисиска расправа со молчење? Сега фактички поранешен командант на ОНА ќе ги има сите досиеја од 2001, вклучително и за сите соработници во тоа време.

bezbednosni-sili-logo

– Ние не се противиме Албанец да е на таа позиција. На нашето здружение заменик претседател е Турчин, ние немаме комплекс од тоа“, изјави за А1, Рубин Секулоски, претседател на Здружението на учесници во вооружените дејствија при одбраната на суверенитетот на Република Македонија.

Од Здружението Карпалак од Прилеп одбиваат да коментираат. Тие ќе молчеле додека не завршеле локалните избори, односно нема да излегувале со никакви изјави во јавноста.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on