Чеферин не се откажал од идејата за промена на форматот на Лигата на шампионите

Од:

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин не се откажал од идејата за преформатирање на Лигата на шампионите, и покрај големиот негативен одек кој го доби предлогот.

Чиновниците во УЕФА размислуваат за промена на турнирот, во која 24 тима од 32-та вклучени ќе имаат резервирано место во турнирот, независно од позицијата на која завршиле во локалното првенство.

Поради оваа причина многу од федерациите, претежно шпанската, официјално изразија несогласување со предлогот, бидејќи сметаат дека тоа ќе доведе до маргинализација на локалните првенства.

– Ние имаме најдобар турнир во светот и засега не знаеме дали тоа ќе биде променето и ако да, на кој начин. Оние кои секојдневно критикуваат, подобро е да ги погледнат своите првенства и да почнат да се грижат за фудбалот во своите земји. Не мислам дека таму сè е идеално и нема ништо за критикување. Неодамна се согласивме да продолжиме со овој формат на турнирите и за циклуси од 2021 до 2024 година, па барем дотогаш нема да има никакви промени. УЕФА е многу динамична организација и секогаш треба да се бараат начини, преку кои ќе се подобрат турнирите. Секогаш мислиме на тоа, изјави Чеферин за АП.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри