Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“

Од:

Со изведба на четири монодрами во Центарот за култура, денеска продолжува Интернационалниот фестивал „Битола 2019“.

Според програмата, натпреварувачкиот дел ќе го отвори актерот од Молдавија Лазар Јана, кој во 18 часот ќе ја одигра монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ чиј автор Зиновиј Сагалов, а режисер Марија Паљмицкаја. Веднаш потоа на сцената ќе настапи актерот од Театар Монплезир во Санкт Петербург, Игор Ларин кој ќе ја изведе монодрамата „Забелешки на покојникот“ од Михаил Булгаков.

Во вечерната програма ќе бидат изведени и монодрамите на актери од Црна Гора и Монголија. Слободан Маруновиќ ќе ја изведе монодрамата „Последниот час на Његош“, а Бајасгалан Церендор ќе ја одигра „Јас сум Едит Пјаф“.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2019“ завршува утревечер со доделување на наградите за кои одлучува меѓународно стручно жири предводено од Ментор Зумберај, театарски режисер од Косово.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија