Кумановската полиција ќе поднесе пријава против К.З.(19) и Х.С.(17), бидејќи пред неколку дена по претепале И.Ш. (20).
Двајца кумановци го повикале својот сограѓанин во еден од локалните ресторани и без повод го нападнале, удирајќи го со тупаници и дрвен предмет.
Насилниците му нанеле тешки повреди на главата и телото, и му го скршиле носот и три заба.
По инцидентот кој се случил на улица „Вардарска“, двајцата кумановци избегале во непознат правец, но полицијата вчера во вечерните часови ги фати на граничниот премин „Блаце“, при обид да ја напуштат Македонија.