ВИДЕО: Одбојкарите на Вардар се дружеа со своите фанови

Од:

Во пресрет на својот полуфинален натпревар против ЏИО Струмица закажан за вечер во 20 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје, екипата на ОК Вардар се посвети на своите навивачи. Попладнево во кафе барот „Централ парк“ во Скопје тие се дружеа со своите фанови.

Тимот ги покани на полуфиналниот натпревар со ЏИО Струмица, играчите потпишуваа маици и ги споделија своите цели за годинешната и претстојната сезона.

– Посветеноста на фановите е исклучително важна за ОК Вардар чии играчи сакаат директно да се запознаат со сите поддржувачи.

Од ОК Вардар се заблагодарија на поддршката на Централ парк и сите кои присуствуваа на настанот. Тие ветија возбудлив натпревар со ЏИО Струмица, објави ОК Вардар.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ