СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија, не се трошат на криминални тендери и сомнителни оф шор шеми за лично богатење на поединци. Затоа продолжуваат лицемерните соопштенија од луксузниот барокен дворец изграден во време на најголема сиромаштија, велат од СДСМ, преку соопштение.

“Во последните две години, Владата предводена од СДСМ, низ одговорен и домаќински пристап, преку низа мерки обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.

1. Минималната плата порасна од 9.000 денари во 2016 одина на 12.500 денари во 2019 година, а
наскоро следува нов раст на 13.000 денари.

2. Растат и пензиите, просечната пензија за две години порасна за 826 денари

3. Воведена е евтина тарифа на струјата. Сметките се поевтини во просек за 500-1000 денари месечно, со што 11.4 милиони евра на годишно ниво остануваат кај граѓаните.

4. Драстично се намалени на казните за фирмите, а глобите за физичките лица се намалени за 75
отсто.

5. Укината е радиодифузната такса со што се обезбедува заштеда од 190 денари месечно за секое семејство.

6.  Со намалување на ДДВ за парно греење од 18% на 5% просечната заштеда ќе биде 220 денари
месечно по семејство.

7. Трошоците за нотари, извршители се намачени за 50% до 90%, а услугите на Катастарот за
недвижнини се намалени до 50%.

8. Со поврат на персоналниот данок кај сите земјоделци се обезбедува 10% заштеда од секој оданочен приход.

9.  Обезбедна е  за 30% поевтина нафта за земјоделците со што назад се враќаат 200 милиони денари кај 55 илјади земјоделци.

10. Повисок и навремен поврат на ДДВ кај фирмите кој во 2018 кај компаниите е повисок за 19,1% споредено со 2017 година.

11. Значително повеќе деца ќе добијат образовен и детски додадок и опфатот ќе порасне од 3.000 на 70.000 корисници.

12. Социјалната помош расте за повеќе од 300 отсто. Четиричлено домаќинство во социјален ризик ќе добива месечен надоместок од 10.600 денари, наместо досегашните 3.029 денари.

13. Решен е проблемот на над 10.000 стечајци од целата држава, обезбедено е финансиско обесштетување на жртвите на транзицијата.

14. Обезбедени се повисоки плати за 10% и 5% во јавниот сектор за вработените во здравството,
образованието, градинките, одбраната, културата, полицијата, државната администрација.

15. На 1 јули почнува повратот на 15% од платен ДДВ за секој граѓанин, а подготoвките за овој
проект се во финална фаза.

Сето ова се мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на одговорни политики што обезбедуваат економски раст, нови работни места, намалени трошоци за живот и повеќе пари кај секој граѓанин.”, наведува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината