СДСМ: Лажните пријави на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на виделина, пропадна уште една лага, ДКСК ја прекинува постапката против Дамјан Манчевски

Од:

Пропадна уште една измислица, уште една лага на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ кое е навикато на креирање непостоечки случаи и лажни вести. Како што јавно објави Државната комисија за спречување корупција прекината е постапката отворена против потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски по пријава од ВМРО-ДПМНЕ, поднесена со лажни и нецелосно податоци, велат од СДСМ.

Ова е уште еден доказ дека целокупното делување на ВМРО-ДПМНЕ е засновано единствено на лажни вести, измислици и дезинформации. Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на дејствување освен со лажни вести и дезинформации да се обидува да го руши угледот на членови на Владата и на функционери од СДСМ, додаваат од партијата.

СДСМ ја охрабрува Комисијата за спречување корупција да продолжи да работи професионално и независно и да отвора предмети против сегашни но и поранешни функционери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите