Реглинг: Кипар е опасност за целата еврозона и треба брзо да се реагира

Од:

Главниот извршен директор на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) Клаус Реглинг изјави дека Кипар претставува ризик за целата еврозона и треба брзо решение за кипарските проблеми, за да се избегне евентуално „прелевање“ на кризата.

Реглинг за весникот „Фигаро“ истакна дека Кипар може да влијае врз целиот систем. Според него, кипарската економија, иако мала, како и тешкотиите на земјата можат да го дестабилизираат финансискиот систем на еврозоната.

Извршниот директор на ЕСМ нагласи дека кипарските банки имаат важни филијали во Грција, а пазарите го следат Кипар многу одблиску. Тој смета дека треба брзо да биде донесено решение, бидејќи во спротивно постои ризик за целата еврозона.

Германија постојано истакнува дека опасноста по системот е еден од условите за интервенција на ЕСМ и обезбедување на помош за механизмот. Најрпрво треба да се утврди дали Кипар претставува проблем за еврозоната како целина. Тоа всушност еден од предусловите за користење на ЕСМ, објасни минатиот месец германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ