„Повлекувањето на советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски не може и не смее да биде амнестија за Зоран Заев за економската катастрофа која и ја донесе на Македонија. Стратегијата за напуштање на бродот кој тоне не е, ниту смее да биде бегство од одговорноста за осиромашувањето на државата и граѓаните. Заев, Тевдовски и Анѓушев ја покачија акцизата, си го зголемија буџетот, го зголемија задолжувањето, а ги занемарија капиталните инвестиции и на Македонија и донесоа најмал економски раст во регионот и пошироко. За овој срам не може да биде виновен само советникот на Тевдовски.
Економијата две години е во колапс. СДСМ потроши 7 милијарди евра буџет за две години, а ништо не е направено. Нема нови автопати, нема нови инвестиции, нема нови болници, школи и градинки.
Нивото на реализација на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е нешто над 6%. Доколку се продолжи со ова темпо до крајот на годината нивото на реализација ќе биде катастрофално ниско. Истата ситуација се случи и минатата година. Тоа се две години од животот на граѓаните кои поминаа без ниту една позначајна инвестиција.
И додека нивото на реализација на капитални инвестиции е катастрофално ниско, висината на задолжувањето е енормно.
Никој не знае каде се потрошени над половина милијарда евра пари на граѓаните, сума за која власта се задолжи кај странските и домашните кредитори.
Власта се задолжува, а граѓаните се се посирмашни. Над 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.
Младинската невработеност е највисока во регионот и во Европа во целост.
Се поголем е бројот на граѓани кои се решаваат трајно да ја напуштат државата и да се отселат во странство.
Со СДСМ граѓаните губат надеж, а бизнисите немаат перспектива. СДСМ треба да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.