Нова посета на претставници на „тројката“ во Атина

Од:

Во Атина денеска се очекува да пристигнат технички тимови на тројката меѓународни кредитори (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) за да извршат анализи за спроведувањето на реформите во грчкиот поморски сообраќај.

Тие ќе имаат средби во Министерството за трговска флота каде ќе се извршат анализите за реформите што ги бараат кредиторите во замена за кредитите доставени до државата.

Премиерот Андонис Самарас денеска ќе има средба со ресорниот министер за да разгледа стратегија на Министерството во врска со одржувањето и развој на пристанишната инфраструктура во државата, проблемите во поморскиот сообраќај и модернизација на секторот. Во Грчкиот парламент се очекува да биде поднесен нацрт-закон за промени во поморскиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент