Меј ќе поднесе оставка откако ќе ја одработи првата фаза за Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј останува при својата одлука да поднесе оставка откако ќе заврши „првата фаза“ за Брегзит, со цел да му отвори пат на новиот лидер да преговара за втората фаза за излез од Унијата, изјави денеска нејзиниот портпарол.

– Премиерката даде многу добронамерна и храбра понуда до комитетот 1922 (влијателна конзервативна група) пред неколку недели да ја набљудува првата фаза за Брегзит и потоа ќе замине и ќе овозможи смена на ново раководство во втората фаза, истакна портпаролот.

Тој нагласи дека „Меј сака да го одработи Брегзит“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно