Базар на ракотворби и детска ликовна работилница претстојниот викенд во Марков манастир

Од:

Базар на рачно изработени производи ќе се одржи претстојниот викенд (11 и 12 мај) во дворот на Марковиот манастир – „Свети Димитриј“.

Во рамки на дводневниот базар насловен „Ајде да се дружиме”, што го организира здружението на граѓани „Марков манастир 1345”, предвидена е и детска ликовна колонија и работилница за деца кои ќе се едуцираат за изработка на икони, работа со тесто, декутаж техника, а ќе се организираат и разни игри и други изненадувања.

Освен детската ликовна академија и работилниците за изработка на ракотворби, ХАЕМУС – Центар за научни истражувања и промоција на културата организира едукативна тура: Како да изградиш и како да насликаш своја византиска црква проследено со едукативно предавање од 30 минути, визуелно прилагодено за деца од претшколска и школска возраст.

За сите кои сакаат да учествуваат на базарот со свои ракотворби димензијата на масите е: 0,80х1,35 цена 800 ден, 0,87х1,50 цена 1000 ден, 0,87х2,00 цена1500 ден (цената е за двата дена ) + 250 ден за соба во манастирот, за учесниците, за оние кои имаат потреба од тоа заради превозот. Пријавувањето е на телефоните 078 600 931, 070 445 061. Настаните во двата дена ќе се одвиваат во терминот од 11:00 до 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Горан Наумовски

Новогодишен базар во ГТЦ

Тридневен базар на ракотворби „Ехо на минатото, крик во сегашноста“

Ана Ололовска

Добротворен базар и концерт по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

Ана Ололовска

„Ајде да се дружиме” викендов во Марков манастир

Ана Ололовска

Во Охрид од утре традиционалниот „Велигденски базар“

Ана Ололовска