Расмунсен: Се планира НАТО самит кон средината на годинава

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен вчера најави дека постои можност следниот самит на Алијансата да се организира уште во средината на 2013 година, во Брисел.

Самитите на НАТО немаат точно определена динамика на одржување, но обично се организираат на една и пол до две години.

Последниот самит во Чикаго беше одржан во мај минатата година. Според генералниот секретар Расмунсен, оваа идеја би се совпаднала со планот за предавање на водечката борбена улога во Авганистан на домашните авганистански сили, и самитот би бил можност да се одбележи овој момент.

Западни медиуми тврдат дека се разгледува можност за еднодневен самит во Брисел, кој би се поврзал со доаѓањето на претседателот на САД Барак Обама во Ирска, за јунскиот самит на групата Г-8.

– Се уште не е донесена одлука, но оваа можност се разгледува, изјави Расмунсен.

 Самитот во Чикаго беше првиот по донесувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, највисокиот суд на Обединетите нации, кој пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба кога го попречи приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година.

Сепак, во Чикаго Грција повторно спречи да се постави прашањето за прием на Македонија. На организираната средба со Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија, државите кандидати за членство, американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази надеж дека Чикаго ќе биде последен самит на НАТО на кој немало проширување на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море