ВМРО-ДПМНЕ: Народот ја казни власта за сите криминали

Од:

„Власта на СДСМ и Зоран Заев е делигитимирана. Граѓаните гласаа за промени и го најавија неизбежниот пад на оваа ненародна и криминална власт.

Граѓаните на Република Македонија избраа правда и правдина и гласаа против пеколот и бедата кои ги донесе СДСМ, а беа најавувани како живот.

Народот ја казни власта за сите криминали, корупцијата, непотизмот и сите нереализирани ветувања. Народот јасно даде до знаење дека не сака повеќе државата да ја водат функционери чии бизниси криминално се шират на грбот на граѓаните.

Граѓаните покажаа дека не сакаат повеќе економија која стагнира, узурпирано здравство, уништено образование, заробени институции и власт која не е способна да донесе проекти и инвестиции кои ќе значат подобра иднина за државата.

ВМРО-ДПМНЕ победи во најголем број на општини и покажа дека е вистинскиот избор кој може да ги донесе промените. Граѓаните го препознаваат тоа и затоа во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ доби 60.000 гласови повеќе.

Не успеаја уцените, заканите и притисоците на Зоран Заев, македонските граѓани му се спротиставија на деспотот и веќе започна крајот на криминалниот картел на власт.

Граѓаните порачаа дека Република Македонија повеќе не смее да тоне и уназадува. Државата заслужува право и правдина, затоа предвремените парламентарни избори се неизбежност. СДСМ мора да си замине, за Република Македонија и граѓаните конечно да почнат да одат напред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела