Зголемена продажба на коњско месо во Франција по скандалот

Од:

Зголемено е интересирањето на купувачите за коњско месо во Франција по скандалот во Европа со тој вид месо. Во Франција околу 700 месарници продаваат коњско месо, и според локални медиуми продажбата е зголемена за 15 отсто.

– Точно е дека е регистриран раст на продажбата во изминатите неколку недели бидејќи нашите купувачи сега зборуваат отворено за коњско месо, изјави Ерик Вигуре, претседател на француската групација месари кои продаваат коњско месо.

– По скандалот, сите на работните места зборуваат за тоа, па оние кои купуваат коњско месо сега се чувствуваат помалку виновни и препорачуваат месари во кои пазарат, наведува Вигуре.

Интересот на Французите за коњско месо датира наводно од 18 век кога револуционерите јаделе месо од коњи оставено од аристократијата. Конзумирањето такво месо траело два века и подоцна „излегло од мода“.

– Примивме многу коментари од месари кои продаваат коњско месо ширум државата и кои наведуваат дека минатата недела имале многу купувачи. Потрошувачите не чувствуваат потреба да се извинат што јадат коњско месо, вели Вигуре.

Во ресторанот Жолто такси (Le Taxi Jaune) во историскиот париски кварт Маре, кој е меѓу ретките ресторани што нудат специјалитети од коњско месо, шефот на кујната Отис Лебер вели дека постои раст на интересот. – Сепак ќе зборуваме за ова за три месеци, па ќе ви кажам дали и понатаму е така, вели тој.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток