СДСМ: Мицкоски е поразен, демократските промени се заокружија

Од:

Политичката реалност е дека Мицкоски е поразен, демократските промени се заокружија, наместо нов Иванов имаме вистински Претседател, велат преку соопштение од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Политичката реалност е дека Мицкоски е поразен на претседателските и локалните избори, демократските промени се заокружија, наместо нов Иванов имаме вистински Претседател кој води напред. Граѓаните на 5 ти мај гласно порачаа дека не сакаат кочење, не сакаат враќање назад, не сакаат деструкција и режим. Волјата на граѓаните е јасна, граѓаните сакаат напредокот да продолжи, сигурна иднина, членство во ЕУ, НАТО“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека концептот на Пендаровски е за заедништво, обединување и напредок, а тоа се пораките на граѓаните, и политичката реалност.

„Причините за поразот на претседателските избори, како и за поразот на локалните избори Мицкоски треба да си ги побара кај себе. Вака, покажува дека толку е очаен Мицкоски што пред своето членство поразот на претседателските избори, поразот на локалните избори во Охрид и поразот на локалните избори во Ново Село ги претставува нереално. Република Северна Македонија продолжува напред“, додава СДСМ во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните