Актуелниот шампион на СЕХА лигата Вардар Про постигна убедлива победа на гостувањето во Љубушки, Босна и Херцеговина против тимот на Извиѓач со 34:21 (18:13).
Ова беше натпревар од 13.коло, а „црвено-црните“ ја остварија осмата победа и избија на 3.место на табелата, зад Мешков Брест и Металург, а пред Загреб КО.
Вардар Про водеше во текот на целиот натпревар, а двоцифрената разлика беше остварена во последните 5 минути. Најефикасен на натпреварот беше играчот на Извиѓач, Ненад Зељиќ со 8 голови, а во редовите на Вардар Про најмногу голови постигна Филип Лазаров – 7.
Одличен настап на голот на скопјани имаше Градимир Чаневски – 10 одбрани.
Попладнево Металург ја победи Слога Добој на домашен терен со 28:18 и со тоа беше комплетирано 13.коло од СЕХА лигата.
Табела: Мешков Брест 28 бодови, Металург 27, Вардар Про 26, Загреб КО 26, Ловќен 23, Татран Прешов 22, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац БЛ 7, Слога 0.