Апел од Град Скопје за преместување на возилата од зоната „Голем ринг“

Од:

Поради посетата на папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните, информираат од Град Скопје.

Поради специјалниот режим на движење, како што наведуваат во соопштението, граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, утре нема да може да ги користат своите возила, доколку сакаат да ги користат возилата ќе мора денеска да ги извадат од рестриктивната зона.

– Апелираме, граѓаните кои живееат во централното градско подрачје (во зоните А1, А3, А4, А5, А06, А8, Б2, Б3, Б6 и Б7) почнувајќи од понеделник, 6 мај 2019 година по 16:00 часот, своите возила да ги дислоцираат и истите да ги паркираат во непосредна близина на Градско Собрание, зона Ц80 и Ц81 или зона Ц33 (под Железничка станица) и јавните паркиралишта ЗОИЛ и Тутунски комбинат.

Граѓаните кои имаат потреба од своите возила утре, ќе биде потребно денеска да ги дислоцираат надвор од рестриктивната зона, во спротивно возилата нема да може да направат излез од рестриктивната зоната за време на посебниот сообраќаен режим.

Од Град Скопје потсетуваат дека сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“-Скопје ќе бидат бесплатни за користење почнувајќи од денеска по 16:00 часот.

Катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ утре нема да бидат во употреба, односно ќе бидат затворени, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух