Во Скопје викендот 33 сообраќајки, повредени 25 лица

Од:

Во текот на изминатиот викенд во Скопје се санкционирани пет возачи за брзо возење, по двајца кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, и за неправилно престигнување и по еден возач за неправилно престројување, односно неносење сигурносен појас, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на викендот во Скопје се случиле вкупно 33 сообраќајни незгоди, од кои во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица, во 22 со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во 16 е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала осум казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се седум возила.

Од сообраќај се исклучени четворица возачи, од кои тројца пред да се стекнат со право на управување и еден почетник, како и три нерегистрирани возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце