(ВИДЕО) Спасовски: Изборите минаа во мирна и фер атмосфера, како што и доликува на демократска и слободна земја

Од:

Најнапред дозволете ми искрено на сите граѓани да им честитам за денешниов изборен ден кој што мина во една мирна и фер атмосфера, како што впрочем и доликува на секоја демократска и слободна земја. Искористувајќи го слободно и непречено своето загарантирано право на глас, граѓаните уште еднаш ја демонстрираа својата зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината на својата земја, рече министерот Оливер Спасовски по завршувањето на гласањето во вториот круг од Претседателските избори 2019 година.

-Им се заблагодарувам на сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои што и овој пат како и пред две недели, одговорно ги извршија своите работни задачи, овозможувајќи целиот процес да се спроведе мирно и безбедно, согласно сите законски прописи- рече Спасовски.

До сега регистрирани се три случаи на фотографирање на гласачко ливче. Првиот на избирачко место во село Другово, кичевско, вториот на гласачко место во ОУ “Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, а третиот во Неготино. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. Евидентиран е и случај во Неготино каде едно лице при гласање на еден од параваните со пенкало испишал бројка.

Пријавени се четири случаи за наводно агитирање и по преземените мерки утврдено е дека пријавите се неосновани. Исто така евидентирани се и две пријави за организирано носење гласачи при што во едниот случај за избирачко место во Битола е утврдено дека пријавата е неоснована додека пак за случај во Кочани се превземаат мерки за расчистување на случајот. Доколку има други пријави, Министерството за внатрешни работи соодветно ќе ја информира јавноста.

-Значи, можам да констатирам дека имавме изборен ден со незначителен број на неправилности, без нарушување на јавниот ред и мир. Уште еднаш им честитам на граѓаните и институциите на одлично спроведените избори, како што и доликуваат на демократска земја како што е европска Република Северна Македонија- рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар