Автомото сојузот на Македонија информира дека има намалена видливост поради појава на магла на делниците кои минуваат долж речните текови, по мостовите и на повисоките места.
Според најновите информации во АМСМ од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по местимично влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде можна е почеста појава на одрони, како што се патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.