Автомобил удри во исечено дрво оставено на коловозот на патниот правец Битола-Ресен, управуван од Никола Јанкуловски кој со двајца свои пријатели синоќа околу 22 часот се враќал од Битола, објави Тера Телевизија.
Дрвото се наоѓало на три километри од влезот на градот, а Јанкуловски истото не го очекувал испречено на патот и удрил со својот автомобил Фоклсваген поло.