Координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск на Република Северна Македонија информира дека се преостанати мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од неговата посета – литургијата што ќе се одржи во вторник на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и денеска, од 12 до 17:30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на улицата „Македонија“ во Скопје.