Интензивна размена на оган меѓу Израелците и Палестинците

Од:

Израелската војска попладнево изведе повеќе воздушни и копнени напади на Појасот Газа како одговор на ракетирањето од таа палестинска територија.

Одговорот на Израел следува откако претходно денеска палестинските милитанти истрелаа над 150 ракети кон израелска територија. Поради тоа, илјадници Израелци мораа да се евакуираат во засолништа од бомби.

Израелскиот противракетен систем Железна купола пресретнал десетици ракети.

Тројца палестински цивили се повредени про воздушните напади на израелските борбени авиони во различни делови на крајбрежјето, соопштија здравствените власти. Исто така, една израелска жена претрпе сериозни повреди од шрапнел.

„Борбените авиони и текнови погодија 30 терористички цели, кои припаѓаат на Хамас и Исламски џихад“, се посочува во израелското воено соопштение, дополнувајќи дека операцијата продолжува. Војската информира дека целела неколку комплекси на Хамас во Газа сити, кои се користат за обука и за производство на оружје, и уште еден – кој го користат поморските сили..

Ниту една екстремистичка организација во Газа не ја презеде одговорноста за ракетирањето, но Хамас, под чија контрола е територијата, изрази подготвеност да одговори на „злосторствата на Израел“. Исламски џихад, исто така, предупреди на „изненадувања, доколку Израел продолжи со агресија“.

Насилството ескалираше откако вчера четворица Палестинци беа убиени, а 51 ранет во судирите со израелските долж граничната ограда. Вчера беа ранети и двајца израелски војници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Подготвени сме за копнената офанзива на Израел порача заменик-шефот на Хезболах

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

ВИДЕО: Израел собори беспилотно летало над морето, објавено видео

ВИДЕО: Израел го нападна центарот на Бејрут, убиен лидерот на Хамас за Либан

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски