(ВИДЕО) Папата Франциск до граѓаните: Сигурен сум дека вашата земја е добра, најубавите мозаици се тие што имаат многу бои

Од:

Папата Франциск непосредно пред неговата Апостолска посета на Северна Македонија на 7-ми мај во Скопје, испрати порака до сите граѓани на нашата земја.

– Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови, стои во пораката.

Посебната убавина на вашата земја, нагласува Папата Франциск, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, посочува, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.

Во пораката нагласува дека неговата посета ја посветува и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

„Драги браќа и сестри од Северна Македонија,

Преку оваа кратка порака, сакам да ги искажам радоста и пријателството што ги чувствувам кон вашиот народ и кон црквата што постои во вашата земја.

Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.

Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.

Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ.

Бидете од Бога благословени!“

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Трамп е критикуван поради фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е облечен како папа