Привршуваат подготовките за посетата на папата Франциск

Од:

Привршуваат подготовките за посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на Република Северна Македонија на 7 мај.

Се уредуваат локациите во Скопје, каде што ќе престојува папата, а веќе се поделени и билетите за присуство на Светата литугија на централниот скопски плоштад.

Папата Франциск, според најавата, треба да пристигне на Аеродромот Скопје во вторник во раните утрински часови, по што ќе се упати во претседателската Вила Водно, каде ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Папата потоа ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.

На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија на која се очекуваат да присуствуваат 15.000 луѓе кои обезбедиле бесплатни билети кои можеа да се подигнат до вчера.

По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

За време на Апостолската посета на папата Франциск, на територијата на град Скопје ќе важат посебни правила за движење на автомобили и на пешаците низ Скопје.

Движењето во централното градско подрачје, за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона. Сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 чaсот до 19 часот на 7 мај, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносна проверка.

Во зоната ќе се пристапува преку девет влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карта или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:

Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, од 6 часот до 19 часот ќе има ограничување на сообраќајот и тој ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу Центарот на Скопје, со цел негово непречено одвивање.

Во временските интервали од 07:30 часот до 9 часот, како и од 17 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул.„Александар Македонски“ од Автокоманда кон Аеродромот Скопје ќе биде затворен во двете насоки и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.

На патниот правец Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез од Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци – Идризово – Маџари.

На патниот правец Куманово – Скопје, на клучката кај селото Миладиновци, сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.

На автопатот А1, делница Куманово – Велес ќе има краткотраен застој на сообраќајот, во двата посочени временски интервали.

Надлежните апелираат до граѓаните за време на посетата на папата да ги почитуваат воспоставените безбедносни и сообраќајни мерки.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска