Се поголем број британски двојки бараат сурогат мајки

Од:

Се повеќе двојки од Велика Британија заминуваат во странство барајќи сурогат мајки, објави „Индепендент“.

Весникот наведува дека комерцијалното сурогат мајчинство не е дозволено во Велика Британија, во последните пет години забележан е пораст на барањата на сурогат мајки во странство, со што се зголемува загриженоста дека богатите западни државјани би можеле да ги користат сиромашните жени од земјите во развој.

Експертите тврдат дека официјалните бројки се уште се мали, но податоците не се релевантни поради недостиг на законски регулативи во поединечни земји, како што е случај со Индија.

Комерцијалното сурогат мајчинство е дозволено во САД, во Индија и во други држави. Во Велика Британија во 2010 година донесен е закон со кој им се дозволува на истополовите и невенчани хетеросексуални парови да користат сурогат мајки.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство