Ѓомлезијада по 4-ти пат во Охрид

Од:

Во охридското село Скребатно на околу 1.200 метри надморска височина денес се приготвија триесеттина ѓомлезиња, надалеку прочуениот специјалитет од овој крај.Од 8 часот изтурина се распалија специјалните садови кои се познати како сачови, а околу 12 часот специјалитетот беше готов, затоа што за негово приготвување се потребни околу 4 часа.

Градот Охрид четврти пат по ред ја организираше манифестацијата „Ѓомлезијада“ која има за цел развој на руралниот туризам. Во Скребатно беа присутни голем број охриѓани, посетители од другите градови, но и странски туристи од Холандија и Турција, и преставници на туристички агенции и хотели.

Првата награда од 10.000 денари и припадна на Светлана Тодороска, а од страна на Регионалната занаетчиска комора беше наградена со рачно изработен бисер, од фамилијата Тилеви.

Втората награда 6.000 ден ја доби Љубица Ѓузелоска и 4.000 денари доби трето-наградениот Димитрија Димитроски. Манифестацијата беше збогатена со богата културно уметничка програма, а на орото заиграа и дел од посетителите.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум