ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ја понижија Македонија

Од:

„Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија. Државата и покрај сменето име остана без почеток на преговори на јуни, тоа е така затоа што нема реформи.

Доколку во изминативе десетина година главна пречка за не отпочнување на преговори беше ветото од Грција, сега главен проблем се недостатокот на реформи.

Заев и Пендаровски добија насока за спроведување на сет на реформи меѓу кои: Правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Ништо од ова не е исполнето.

Заев и Пендаровски потрошија две години од животот на граѓаните, и наместо да направат нешто, тие ја вратија државата назад.

Со Заев и Пендаровски во Република Македонија цвета само криминалот. Државата тоне, а луѓето се заглавени во безнадежност.

Време е да се промени лошата пракса и државата да почне да ниже успеси.

Гласот за Гордана Сиљановска е глас за реформи, за просперитет, за право и правдина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање