(ВИДЕО) Стоилковски: Министри и градоначалници на СДСМ се појавуваат на средби со граѓани среде изборна кампања

Од:

„Продолжуваат злоупотребите на СДСМ во оваа изборна кампања за избор за претседател за 2019-та година. Продолжуваат злоупотребите и на функциите и на државните ресурси Стево Пендаровски затоа секако нема ниеден збор.

СДСМ ги злоупотребува позициите на државата како министри и како градоначалници кои што се појавуваат на средби со граѓани среде Изборна кампања, среде Претседателски избори 2019 во насока на поддршка на нивниот кандидат Стево Пендаровски. Ова е класична злоупотреба на државните ресурси“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„На средба со граѓани од улиците 150, 151 и 152 во Куманово, Максим Димитриевски и Оливер Спасовски настапуваат како Градоначалник и како Министер за внатрешни работи, така се и најавени во име на тие функции настапуваат на средбите со граѓани. На видеото објавено на македонските медиуми но и на интернет се слуша како Димитриевски и Спасовски ветуваат правење на улицата, асфалтирање на улица 150, како и градинки и останата инфраструктура, атмосферска канализација и дека сега сето тоа ќе го стави во програма за следната година.

Среде кампања, Димитриевски ветува асфалтирање за догодина.

„Јас давам збор, ако го избереме Стево, ќе имам финансиска поддршка од Владата за да ги изработам проектите. Ако се врати ВМРО на власт, јас ќе дојдам тука и ќе кажам другари извинете јас не можам да ја направам цела улица затоа што немам пари. Ако е СДСМ на власт ќе ми овозможи финансиски средства“, вели Максим Димитриевски, градоначалник од позиција на градоначалник на Куманово среде изборна кампања, барајќи ги гласовите на Кумановчани за поддршка на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Вон правно вели дека ќе имало европски фондови само и само ако дошол Пендаровски. Само „Стево проваѓал“ во ЕУ, вели Максим Димитриевски, а другиот не проваѓал!? Па го најавува министерот за внатрешни работи да каже за проектите на владата, кој пак ветува финансирање на проекти, од улици, водоводи, фекална канализација, ветува пари од државниот буџет но и европски фондови, за градинки и за други проекти.

Почитувани ова е недозволиво, градоначалник и министер пред граѓани ветуваат проекти и улици и канализации за да се гласа за нивниот кандидат!

Ова е спротивно на законот, спротивно на изборниот закон спротивно на антикурупцискиот закон, спротивно на етиката политичка, спротивно на позитивните европски практики.

За ова ќе биде поднесена нова пријава до антикорупциската за која повторно деновиве имаме поднесено 7 нови поднесоци, за злоупотреби и на медиуми и на градежни активности и на државни ресурси и на јавни претпријатија.

И јасно е зошто го прават ова. СДСМ соочени со поразот на 5-ти мај, немаат друга опција освен да продолжи со притисоци и со лаги, со ветувања и поткупи да го ублажи поразот. Правото и правдата е на дофат. Правдата и правото ќе победат во Република Македонија!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски