Во основните училишта во Општина Кисела Вода започна уписот за првачиња

Од:

Општина Кисела Вода информира дека од денес, 02.05 до 31.05.2019 година, согласно член 45, 46, 47 и член 50 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр. 67/2017 година) во осумте општински основни училишта ќе се врши запишување на деца во прво одделение.

Уписот за учебната 2019/2020 година е за деца родени во 2013 година. Децата кои до 31.01.2020 година ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/старателот и мислење од училишниот педагог. Родителите/старателите за информации за потребната документација за упис на првачиња потребно е да се обратат во основните училишта.

Општина Кисела Вода ги поканува родителите/старателите своите деца да ги запишат во основните училишта кои се во нејзина надлежност. Училиштата со видно подобрени услови за учениците во учебната 2019/2020 година очекуваат околу 700 првачиња.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода