Изгаснат целосно пожарот кај кичевското село Жубрино

Од:

Со брза интервеција на ТППЕ-Кичево целосно е изгаснат пожарот што синоќа го зафати кичевското село Жубрино.

Пожарот, вчера околу 20 часот, бил забележан над резервоарот за вода во село Жубрино.

-Опожарена е околу 100 метри квадратни површина со сува трева, трска и ниско стеблеста шума. Пожарот е локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кичево, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати