Ѓоковиќ: Понекогаш се прашувам дали треба да се вклучам во политика

Од:

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ изјави дека секогаш се обидува да ја претстави својата земја во најдобро можно светло.

Тој истакна дека понекогаш се прашува дали треба да се вклучи во политика или во некои работи во тенисот кои не се поврзани само со играта.

– Се што правам е свесно и одговорно, целосно се вложувам во тоа. Не знам да работам половично. Секогаш се обидувам да помогнам и да ја претставам својата држава на најдобар начин. Кога се сретнувам со луѓето во Србија, разговарам со нив, но не сакам да се ограничам само на својата земја, да ја сакам само неа, а да ги мразам останатите, нагласи српскиот тенисер.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата