(ВИДЕО) Арсовски: Заев и Пендаровски ќе одговараат за полнењето кутии на претседателските избори

Од:

„Зоран Заев и Стево Пендаровски ја изгубија поддршката од граѓаните. Полнењето кутии е она што најдобро го прават и најдобро го знаат кога немаат поддршка.

Вчера поднесовме кривична пријава против 10 лица за нерегуларности, односно полнење кутии на избирачко место 0816 во Зајас, каде што според извештајот на ДИК во периодот од 15 до 17 часот во првиот круг вкупно гласале 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е доказ дека се полнети кутии на ова избирачко место и тоа на секои 24 секунди по 1 гласачко ливче ставано во гласачка кутија. Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија.

За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик, Јавното обвинителство молчи или можеби Заев обвинителите ги пуштил да одмараат по дома додека трае кампањата за да може да прави што сака.

Одговорност треба да сносат сите. И оние што го извршиле ова, и оние што го овозможиле ова, но најважно, оние кои што го наредиле да се реализира ова.

Ова е начин кој му е веќе проверен на Зоран Заев уште од референдумот. Но и тогаш и сега и со полнење кутии не може да ја изигра волјата на граѓаните никој.

Да потсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште пред половина година поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај за основано сомнение дека референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени, но и заради грубо полнење на кутии како и сега.

Тогаш верувале или не се гласаше на секои 4 секунди во одредени избирачки места.

И тогаш и сега, Јавното обвинителство не презема ништо.

СДСМ забораваат, а ние уште еднаш да ги потсетиме. По промената на власта сите ќе одговараат без разлика кога го сториле кривичното дело.

Ќе одговараат и за полнењето кутии на Претседателските избори и за полнењето кутии на референдумот. Затоа, не се обидувајте да ја изиграте волјата на граѓаните, тогаш Јавното обвинителство ќе биде ослободено од канџите на Заев и тогаш ќе го нема Заев да ве лаже дека ве штити преку обвинителството.

Граѓаните веќе јасно одбраа, иден Претседател е Гордана Сиљановска Давкова“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски