Куба: Заканите од Трамп се „опасна агресивна ескалација“

Од:

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел одговори на заканата од претседателот Трамп, нарекувајќи ја „опасна агресивна ескалација”.

„Ја повикуваме меѓународната заедница да ја спречи опасната агресивна ескалација и да го зачува мирот. Доста е со лаги“, напиша тој на Твитер

„Силно ја отфрламе заканата за целосна блокада против Куба. Нема воени операции ниту кубански трупи во Венецуела”, објави Дијаз Канел на Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Куба со „целосно ембарго“ и нови санкции ако веднаш не прекинат со воената поддршка за венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија