Уапсен битолски јавен обвинител

Од:

Битолски јавен обвинител С.Т., неговиот возач и двајца прилепчани се уапсени во полициска акција која сутринава се реализираше во во Прилеп и во Битола.

Според првичните информации, битолскиот јавен обвинител е приведен поради злоупотреба на службената положба, а останатите двајца за недозволена трговија со оружје.

Битолски јавен обвинител, се товари дека ја злоупотребил службената положба и овластувања заштитувајќи криминалци од Прилеп. Наместо да ги процесуира, пријавите ги чувал во фиока. Информација е потврдена од МВР.

Се уште траат претресите за да се обезбедат дополнителни докази за случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи