Првите две трки од Алпе Адриа шампионатот се одржаа викендов на познатата светска патека Словакиа Ринг во Словачка, а наш тим за првпат во историјата на мотоциклизмот зема учество на ваков силен и високо рангиран шампионат.
Тимот 71, заедно со Христијан Бузалковски за прв пат настапија на овој шампионат, и притоа остварија многу добри резултати. На првата трка завршија на 18-та, а на втората на 20-та позиција, од вкупно 40 возачи.
Овој шампионат е отскочна даска за настап на светско првенство, бидејќи учество земаат врвни светски и европски тимови и возачи.