„Џенерал електрик“ инвестира над 300 милиони долари во Индонезија

Од:

Американската компанија „Џенерал електрик“ во следните пет години ќе инвестира над 300 милиони долари во развој на нови технологии во Индонезија.

„Џенерал електрик“ (ЏЕ) ќе соработува со со државната компанија ПЛН, нафтената компанија „Пертамин“, националната авиокомпанија „Гаруда Индонезија“ и железничката компанија „Карет Апи Индонезија“, изјави портпаролката на ЏЕ Индонезија, Аријавит Пурнама.

Проектот ќе опфати технолошки развој во областите со рурална здравствена заштита, електрични постројки на биомаса и развој на железницата, истакна Пурнама.

Извршниот директор на ЏЕ Џеф Имелт, изјави дека компанијата во изминатите две години бележи исклучителен раст во Индонезија.

Индонезија е една од најбрзо растечките економии во светот со 240 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски